Image by wirestock on Freepik

17.12.2024 Скопје

РС Македонија како земја со среден доход се соочува со една од највисоките стапки на пушење во Европа. Без малку половина од населението се пушачи покажува истражувањето спроведено од Аналитика.

Анализата вели дека домаќинствата со пушачи ги жртвуваат основните потреби како храна и здраствена заштита за да трошат на тутун, што води до финансиски товар и секундарна сиромаштија појаснува извршната директорка на Аналитика Тамара Мијовиќ Спасова.

И од Институтот за јавно здраство се согласни на оваа тема за што се отворени и телефонски линии за давање совети како да се откаже пушењето.

Акцизата е ценовна мерка која има двоен корисен ефект. Прво, постепено се намалува процентот на пушачи во популацијата, што може да доведе до намалување на вкупните трошоци за здраствениот систем поради намалени болести поврзани со тутунот и подобрена продуктивност поради поздрава работна сила. Според сценариото за забрзана акциза вкупниот приход се очекува да се зголеми, пари што да се реинвестираат во здраствени и социјални програми.

Моментално сумата од акцизи изнесува речиси 245 милиони евра да се зголеми на нешто над 304 милиони евра во 2026 година или годишен раст од околу 11 и пол проценти.

Освен ценовните од конференцијата се порача да има зајакнување на неценовните мерки за контрола на тутунот, како што е повторно спроведување на забрана за пушење во затворени јавни места. Со таквите политики за забрана значително ја намалуваат и изложеноста на пасивно пушење.

Подготвено од М.Д.

About Author