20241202173853

03.12.2024 Скопје

Како што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), за 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври годинава во однос на октомври минатата година има пораст од 4,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,1 процент, а опаѓање во секторот Преработувачка индустрија за 3,9 проценти.

Има пораст во секторот Енергија за 4,6 проценти, Капитални производи за 1,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,3 проценти, а опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author