20.12.2024 Скопје
Веројатно не сте го знаеле ова.
Кога станува збор за песната „Jingle Bells“, веројатно сите во светот помислуваат на Божиќ, но таа првично е напишана за друг празник кој нема никаква врска со раѓањето на Христос.
Автор на „Jingle Bells“ е Џејмс Пиерпонт, кој во раните 1850-ти гледал трка со санки во Масачусетс и бил инспириран да напише песна за санкањето.
Историчарите не се сигурни кога и каде точно ја напишал песната, но познато е дека таа првпат била објавена во 1857 година.
Тој првично ја нарече песната „One Horse Open Sleigh“ и ја напиша за да настапи на Денот на благодарноста.
Ако повнимателно се погледнат зборовите на песната, не се спомнува Божиќ, единствената асоцијација е снегот. Бидејќи песната постигна огромен успех во училиштето за Денот на благодарноста, тие ја изведоа повторно на Божиќ, и тука започнува митот за тоа дека е божиќен хит.
Песната е повторно објавена во 1859 година, но овој пат со насловот кој денес сите го знаеме „Jingle Bells“ и веднаш стана синоним за Божиќ.
Подготвено од М.Д.