zname-960x540

05.12.2024 Скопје

Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!

Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна!

Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности.

Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Северна Македонија.

Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.
Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент.

РС Македонија вечна!, пишува костовски во својата објава.

Подготвено од М.Д.

About Author