SVETSKA ZDRAVSTVENA ORGANIZACIJA SZO

10.12.2024 Скопје

Светската здравствена организација (СЗО) извести за мистериозна болест, наречена “болест X”, која се појавила во Демократска Република Конго. Оваа болест доведе до смрт на најмалку 31 лице, главно деца помлади од пет години, кои страдале од тешка малнутриција. Болеста го зафатила Кванго провинцијата, околу 435 километри јужно од главниот град, Киншаса и е пријавено дека смртта на 143 лице е врзано со оваа болест.

Болеста, која циркулира од октомври, има симптоми слични на респираторни инфекции, вклучувајќи треска, главоболки, кашлица, течен нос и болки во телото. СЗО, во соработка со локалните здравствени власти, ја истражува причината за избувнувањето, разгледувајќи фактори како акутна пневмонија, инфлуенца, COVID-19, морбили и маларија. Малнутрицијата е исто така придонесувачки фактор, а маларијата е вообичаена болест во оваа област, што може да ја компликува ситуацијата.

Оддалечената локација на избувнувањето, во комбинација со ограничената инфраструктура, недостаток на функционален лабораториум и постојани безбедносни ризици од вооружени групи, го прават одговорот на избувнувањето предизвик.

СЗО испрати тимови за брзо реагирање за понатамошно истражување и координирање на напорите за контрола на ширењето на болеста. Додека глобалниот ризик останува низок, постои загриженост за можноста од пренос преку границата во соседна Ангола, имајќи ја предвид близината на избувнувањето.

Подготвено од М.Д.

About Author