11.12.2024 Скопје
Лидерите на француската Социјалистичка партија ги поздравија „интересните, но неубедливи“ разговори со претседателот Емануел Макрон и другите шефови на водечките партии, откако францускиот лидер си даде себеси 48 часа за да именува нов премиер.
Социјалистите се појавија како потенцијални владетели откако владата на Мишел Барние беше сменета минатата недела, што предизвика втора голема политичка криза во Франција во последните шест месеци.
Макрон се надева дека социјалистите ќе му помогнат на неговиот следен шеф на владата да одбие уште едно гласање за недоверба, но сакаат во замена да именува левичарски премиер.
„Беше тоа интересен, но неубедлив состанок“, им кажа на новинарите лидерот на Социјалистичката партија Оливие Фор откако ја напушти Елисејската палата, додавајќи дека топката е кај таборот на Макрон.
Макрон на шефовите на партиите им кажал дека се надева дека ќе избегне повторно распуштање на парламентот пред да ми заврши вториот мандат во 2027 година, кажа помошник на претседателот. Одлуката на Макрон да го распушти парламентот во јуни, што предизвика вонредни избори, резултираше со политички нестабилен, поделен парламент.
Францускиот претседател им кажал на шефовите на партиите и дека не сака да зависи од поддршката од крајните левичари или крајно десничарскиот Национален собир и ги замолил да се согласат на пакт за ненапаѓање, кажа помошникот.
Макрон сака да именува нова влада за 48 часа. Кабинетот би требало да го потпише законот за вонредни ситуации за да се смени буџетот за 2024, откако беше отфрлен предлог законот за буџет за 2025.
По разговорот, лидерката на партијата Зелени Мартин Тонделие кажа дека не е импресионирана, односно дека Макрон бил непопустлив.
„Не направи никаков компромис, никаква отстапка“, кажа таа, додавајќи дека „претседателскиот табор не се поместил ни за милиметар“.
Лорен Ваукиез, шефот на групацијата Републиканска десница во народното собрание, исто така останал скептичен околу политичката унија без преседан меѓу десниот центар и левицата.
„На крајот на овој состанок, сите го делиме истото уверување, дека нема да има владин договор со луѓе со кои не делиме исти вредности“, им кажа тој на новинарите.
Национален собир и левицата Исправена Франција, кои заедно го исфрлија Барние, не биле повикани на состанокот. Социјалистите порачаа дека одлуката на Макрон да го одбие Национален собир отворила простор за разговори.
Подготвено од М.Д.