evra

25.12.2024 Скопје

Заклучно со ноември, штедните влогови на граѓаните во домашните банки достигнаа 6,2 милијарди евра. Само за еден месец, граѓаните ставиле во банка дури 113 милиони евра.

Според податоците на Народната банка, во ноември, вкупните депозити се зголемени за 0,9 % на месечна основа, како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалени. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележаа раст од 11 % поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Истражувањето на јавното мислење што го спроведе Фондот за осигурување депозити (ФОД) покажа дека дури 72,7 % од испитаниците изјавиле дека банките се сигурно место за чување на нивните заштеди.

Сепак, сè уште има луѓе што се убедени дека тоа е во ингеренции на Народната банка, кои се претставени со одговорите на 16,4 % од испитаниците.

ФОД гарантира целосна исплата на штеден влог до 30.000 евра ако е депониран во некоја од 13-те банки во земјава, во случај ако западне банката во стечај или ликвидација. За поголема сума, штедачот ќе мора да почека и линеарно ќе биде обесштетен од стечајната маса на банката, заедно со другите нејзини доверители.

Подготвено од М.Д.

About Author