SI GINPING

27.12.2024 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја посети Русија во 2025 година, соопшти денеска рускиот амбасадор во Пекинг Игор Моргулов.

„Што се однесува до конкретни билатерални настани, можам да кажам дека активно се изработуваат релевантните планови“, изјави Моргулов.

Она што не е тајна е дека претседателот на Народна Република Кина се очекува во Русија следната година, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин последен пат го посети Пекинг во мај минатата година, каде што најави „нова ера“ во руско-кинеските односи, фокусирани на отпор кон американската политика.

Подготвено од М.Д.

About Author