31.12.2024 Скопје
Кина претстави прототип на новиот брз воз, кој може да достигне тест брзина од 450 km/h и работна брзина од 400 km/h.
Овој воз ќе го надмине постоечкиот, чија максимална брзина достигнува 350 km/h.
Новиот супербрз воз се истакнува со висока енергетска ефикасност, намален отпор на тркалање за 22%, и намалена тежина за 10%.
Возот, и покрај поголемата брзина, задржува слично растојание на сопирање како и возовите кои патуваат со помали брзини, и обезбедува мирно и тивко возење благодарение на напредните технологии за намалување на бучавата.
Развојот на овој проект започна во 2018 година, а прототипот помина опширно тестирање, во кое тој помина 200.000 километри.
Подготвено од М.Д.