11.12.2024 Скопје
Италија има најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ во 2023 година, со 694 патнички возила на секои 1.000 жители, објави во вторникот италијанската канцеларија за статистика Истат.
Во споредба, просекот на ЕУ е 571 автомобил на секои 1000 жители.
Националната агенција за статистика вели дека транзицијата кон автомобили кои ја загадуваат животната средина е бавна.
Хибридните возила сочинуваат 6,9 отсто од автомобилите во регионалните главни градови, а само 0,6 отсто се електрични.
Истат објави дека 47,4% од автомобилите во Италија работат на бензин, што е намалување за 0,8 процентни поени на годишно ниво од 2015 година, додека 35,2% се движат на дизел, што е намалување за 0,3 процентни поени на годишно ниво од 2015 година.
Подготвено од М.Д.