sudski sovet vesna dameva

11.12.2024 Скопје

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, вчера пресуди дека Германија мора да им плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во Пјетранзиери за време на Втората светска војна.

Судот ѝ наложи на Сојузна Република Германија, на германското Министерство за надворешни работи, да им ја плати сумата на роднините што претходно не биле обесштетени за масакрот.

Севкупно, надоместокот исплатен на семејствата на жртвите, вклучувајќи ги и претходните случаи, изнесува вкупно 15 милиони евра.

Во ноември 1943 година нацистичките војници масакрираа 128 невооружени италијански цивили во околната шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица. Преживеало само едно дете, седумгодишната Вирџинија Мачерели, скриена зад телото на својата мајка.

Подготвено од М.Д.

About Author