image (60)

02.12.2024 Скопје

Компанијата Хајнекен планира да ја изгради првата голема пиварница во Персискиот Залив во Дубаи и да произведува популарни брендови како Амстел, Кингфишер и Бира Морети во компанија која ќе има 190 вработени.

Како што е наведено, овој потег претставува значајна промена за регионот, кој долго време има строги ограничувања за продажба и консумирање алкохол.

Хајнекен во соработка со локалната компанија Метритајм и Меркантил ја основале компанијата Сироко која ќе започне со изградба на пиварницата кон крајот на 2025 година, а се предвидува дека ќе биде завршена на крајот на 2027 година.

Дубаи е деловен и туристички центар на Блискиот Исток и е меѓу најкосмополитските градови во регионот.

Официјалните лица првпат дозволија конзумирање и продажба на алкохол пред повеќе од две децении, а правилата оттогаш постепено беа олабавени поради порастот на туризмот.

Градот, исто така, неодамна им олесни на жителите да купуваат алкохол, елиминирајќи го данокот на промет од 30 отсто и таксата за лиценца за алкохол, иако продажбата на муслиманите останува ограничена, додаде њујоршката агенција.

Подготвено од М.Д.

About Author