грузија-2-1024x768

03.12.2024 Скопје

Веќе три дена протести ја потресуваат Грузија по контроверзната одлука на владата да го откаже барањето за членство во Европската унија. Критичарите ја обвинуваат владејачката партија Грузиски сон дека следи авторитарни, проруски политики за одвраќање на Западот што ги загрозува надежите за одамна ветеното членство на Грузија во ЕУ.

Протестите беа проследени со насилна полициска акција, бидејќи владејачката партија и илјадниците демонстранти се заглавени во се подлабока битка за иднината на земјата, со дилема дали Грузија треба да воспостави поблиски врски со Русија или со Европа. Според многумина историјата се повторува и тоа што се случи во Украина сега се случува во Тбилиси каде што вчера беа упасени стотици демонстранти кои беа напаѓани со водени топови на смрзнувачки температури. Според видеата од Тбилиси, Грузијците испишуваат не само европска историја туку и а херојство што одамна не е видено во Европа.

„Ова е еден од ретките настани во историјата кога ни се случуваат декади. Задржете ги во мислите Грузија, Украина, Сирија и Романија“, гласи пост на Твитер.

„Грузија не е Русија“, е еден од транспарентите на протестите. Овде како на ниту едно друго место се води битката за вистинска Европа. пријатели од Грузија, ќе надвладеете“, гласи друга порака.

Подготвено од М.Д.

About Author