RABOTA

04.12.2024 Скопје

Голем број слободни работни места има во земјава. Тоа го регистрираше и Државниот завод за статистика(ДЗС).

Деловните субјекти, со број на вработени од 10 до 49, имаат највисока стапка на слободни работни места, односно 3,06  проценти.

Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал годинава во државава имало 10,010 слободни работни места, а најголем број односно 1,950 во услужните дејности и продажба. Во групата Државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори имало 33 слободни работни места, 28  во Воени занимања, 15 во Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.

Во групата Стручњаци и научници се регистрирани 1,909 слободни работни места, а следни се Елементарни занимања, 1,781, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1313, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1,114, Техничари и сродни занимања, 1,001.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,44 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,11  проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author