klimatski-promeni (1)

10.12.2024 Скопје

Со секоја измината година, човештвото сè повеќе ги чувствува ефектите од климатските промени. Екстремното време веќе има последици врз синџирите на исхрана и луѓето се навикнаа да слушаат чести предупредувања за опасност во залихите на основните култури како кафе и какао. Сепак, глобалното затоплување е на пат да стане главниот виновник земјите да изгубат и некои од нивните традиционални јадења. Една од нив е Холандија, чие сирење гауда е во опасност од исчезнување. Причината за тоа е истоимениот регион во кој се произведува гауда, бидејќи овој производ не може да ги издржи климатските промени и наскоро продавниците може да останат без залиха.

Исто така, тие обично се собираат помеѓу октомври и јануари, но климатските промени го скратуваат овој период. Излегува дека Медитеранот е еден од најпогодените региони во светот од затоплувањето – покрај Италија, Грција и Шпанија ќе загубат и дел од нејзината препознатлива храна.

За годинава Грција пријави пад на 90% од уловот на школки. Тоа се должи на топлотниот бран од над 30 степени на водата во Солунскиот залив. Поради жештината, повеќето од школките угинаа.

Се очекува Шпанија, која е светски лидер во производството на маслиново масло да забележи пад на овој производ за 50%. Ова исто така може да влијае сосот aјоли, традиционален во Валенсија и Каталонија, кој е направен од маслиново масло, како и истоименото јадење, во кое во сосот се додаваат ракчиња. Се очекува растот на температурите и сушата да ја погодат и омилената закуска на Турција – хумусот. Според истражувачите земјата е во најголем ризик за наутот, од кој се прави хумус, а глобалните култури се очекува да претрпат загуби од 50%. Научниците велат дека наутот ја изгубил својата генетска разновидност пред повеќе од 10 илјади години, што значи дека е помалку отпорен на екстремни временски услови и феномени. Сушата може да ја лиши Франција и од познатиот сенф Дижон.

Подготвено од М.Д.

About Author