21.12.2024 Скопје
Германскиот фудбалски Суперкуп од следната година ќе го носи името на Франц Бекенбауер, соопшти синоќа германската фудбалска лига.
„Франц би сакал натпреварот меѓу шампионот и победникот на Купот да го носи неговото име“, изјави вдовицата на легендарниот германски фудбалер Хајди Бекенбауер.
Франц Бекенбауер, кој почина на 7 јануари оваа година, важи за најголемиот германски фудбалер на сите времиња.
Во 1974 година како капитен ја предводеше репрезентацијата до светската шампионска титула, а во 1990 година го повтори успехот како тренер.
Подготвено од М.Д.