ФРАНЦИЈА И САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРААТ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА

04.12.2024 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во јуни 2025 година ќе се одржи конференција за формирање на палестинска држава. Според француските медиуми, конференцијата ќе ја организираат Франција и Саудиска Арабија.

Во изјава за новинарите за време на неговата официјална посета на Саудиска Арабија, Макрон ја најави планираната конференција за формирање на палестинска држава.

Макрон рече дека одлучиле да претседаваат со конференцијата со принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, како и дека целта на средбата е да се интензивираат дипломатските иницијативи заедно со Саудиска Арабија во овој процес.

Подготвено од М.Д.

About Author