30.12.2024 Скопје
Од денес, мобилните телефони и другите мали електронски уреди, освен лаптопите, што се продаваат во ЕУ мора да имаат еден полнач со влез УСБ-Ц (USB-C). Европската комисија подготви предлог за воведување на еден полнач во 2021 година.
Според првичниот план, новите правила треба да стапат на сила кон средината на оваа година, но примената е малку одложена.
Европскиот парламент и Советот на ЕУ го поддржаа предлогот со големо мнозинство гласови. Во образложението, меѓу другото, наведоа дека стандарден полнач за сите електронски уреди – покрај телефони, таблети, електронски читачи, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли за видео игри и преносни звучници – ќе ја намали количината на електронски отпад.
Во согласност со правилата на ЕУ, потрошувачите нема да мора да земаат нов полнач со секој купен уред.
Претседателката на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, Ана Кавацини, соопшти порталот Еуроњуз, дека ова е „решителен чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.
Меѓу производителите кои најдолго го одложија претставувањето на УСБ-Ц конекторот е американскиот технолошки гигант „Епл“, кој тоа го направи минатата година.
Новите правила се уште не важат за производителите на лаптопи. Тие ќе стапат на сила на 28 април 2026 година.
Подготвено од М.Д.