mamurluk-599x400.jpeg

23.12.2024 Скопје

Сезоната за забави е во полн ек, а со неа доаѓа и неизбежното будење со главоболка и мамурлак. Но, една лекарка сподели трик на социјалните мрежи кој може да ви помогне да избегнете непријатни последици по тешката ноќ. Клучот лежи во храната што ја консумирате пред да почнете да пиете алкохол, а има една храна која таа особено ја препорачува: сирењето.

Докторката, која објавува на TikTok под името Neenz, објасни: „Ако планирате да излезете и да пиете алкохол, јадењето сирење може да го намали ризикот од мамурлук. Сирењето е богато со протеини, масти и сложени јаглехидрати кои го покриваат стомакот и ја намалува апсорпцијата на алкохол“.

Покрај тоа, таа додаде дека сирењето може да му помогне на телото да го метаболизира алкохолот и да го заштити црниот дроб од оштетување. Сирењето е исто така богато со витамин Б и калциум, кои се губат од телото при консумирање алкохол.

Калиумот е важен бидејќи ја подобрува функцијата на нервите и мускулите, додека витаминот Б е клучен за енергијата и метаболизмот, истакна Neenz. „Иако најдобриот избор е да избегнувате алкохол, ако веќе планирате да го пиете, обидете се прво да изедете малку сирење.

Ако сепак имате мамурлук, важно е да обрнете внимание на лековите што ги земате. д-р. Каран Рангарјан од Универзитетот во Сандерленд предупреди дека земањето парацетамол после пиење алкохол може да биде опасно за црниот дроб. Тој објасни дека и парацетамолот и алкохолот се распаѓаат на токсични соединенија во телото. Со цел да се неутрализираат овие соединенија, телото произведува хемикалија наречена глутатион. Меѓутоа, кога алкохолот и парацетамолот се комбинираат, црниот дроб може да не произведува доволно глутатион за да ги неутрализира двете соединенија.

„Едно од соединенијата произведени од разградувањето на парацетамолот е токсично и може да ги оштети клетките на црниот дроб. Глутатион го неутрализира ова соединение, но го неутрализира и ацеталдехидот, токсичен производ од разградувањето на алкохолот, рече др. Рангарјан.

Ако ви треба лек за главоболка после пиење алкохол, Др. Рангарјан го препорачува ибупрофен како побезбедна алтернатива.

Подготвено од М.Д.

About Author