mk-poster-se-za-portretot-717x1024

04.12.2024 Скопје

Групната изложба „Се за портретот“ е дел од интернационалното уметничко истражување на ниво на моменталната перцепција на уметничките остварувања на тема „портрет“. Изложбата во сличен состав на уметници беше премиерно претставена на меѓународната публика во Институтот за култура на Романија во Венеција од 15 – 20 ноември 2024 година, а своја завршница ќе има во музејот на регионот Бузау, Романија во јануари 2025 година.

Денес во 19 часот. во галерија ОСТЕН, Скопје ќе се одржи отворањето на изложбата „Се за портретот“.
Групната изложба „Се за портретот“ е дел од интернационалното уметничко истражување на ниво на моменталната перцепција на уметничките остварувања на тема „портрет“. Изложбата во сличен состав на уметници беше премиерно претставена на меѓународната публика во Институтот за култура на Романија во Венеција од 15 – 20 ноември 2024 година, а своја завршница ќе има во музејот на регионот Бузау, Романија во јануари 2025 година.

Учесници во изложбата се наградени уметници и гости на ОСТЕН Биеналето – Скопје се Пабло ПИКАСО, Шпанија / Франција – Награда Светско културно наследство 2010 Марина АБРАМОВИЌ, САД – Гран При за животно остварување 2014, Милан АНДОВ, Македонија – Награда ОСТЕН 2018, Анка БОЕРИУ, Романија – Награда златен ОСТЕН 2024 Патриција КАЗАГРАНДА, Германија – Награда златен ОСТЕН 2022, Роберт ГЛИГОРОВ, Македонија / Италија – Уметник на Европа (САВУ) 2022, Мице ЈАНКУЛОВСКИ, Македонија – Награда Рембрант (САВУ) 2020, Марко КУСМУК, Србија – Награда златен ОСТЕН 2022, Анет ЛЕМИЕ, САД – Гостин Петру ЛУКАЧИ, Романија – Гостин, Владимир ПАУН ВРАПЦИУ, Романија – Награда ОСТЕН 2020 и награда за извонредност во уметноста 2021, Љубош ПЛНИ, Република Чешка – Прва награда за цртеж 2020.

Подготвено од М.Д.

About Author