17.12.2024 Скопје
До крајот на годината ќе биде објавен огласот со кој трајно вработување ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најви министерот за здравство Арбен Таравари.
Според министерот средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а огласот за вработување, кој треба да се распише, е дел од стратегијата на државата за нивно здржување во земјата заедно со уште неколку мерки преземени изминатата година. Тој најави и дека триста специјализанти оваа година ќе бидат примени на работа и триста в година.
Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс со кој ќе бидат примени на работа речиси 1.000 средномедицински лица. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, оние што беа со договор на дело. Меѓутоа, повторно е малку, повторно ќе имаме потреба од вработување уште. – Аребен Таравари министер за здравство.
Од другастрана министерката за образование Весна Јаневска кажа дека со европска помош ќе се унапредуве образованието на медицинските сестри и на акушерките во земјава и таа како и Таравари вели дека средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита.
Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Нашата држава треба соодветно да го цени нивниот придонес, преку конкурентни плати и можности за професионален раст и напредок, за да можеме да ги задржиме меѓу нас. Како лекар можам со сигурност да кажам дека тие се столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита. – Весна Јаневска министер за образование.
По апелите и барањата на пациентите на онкологија дека недостасуваат два билошки лекови од кои зависи нивната терапија. Министерот Таравари кажа дека тие лекови веќе од денеска се достапни за пациентите, а доцнењето на нивната набвка била поради долгите и сложени процедури, кои морало да се следат оти станувало збор за меѓународни тендери.
Подготвено од М.Д.