30.12.2024 Скопје
„Во јануари 2024 година, 771.480 луѓе во земјата доживеале бездомништво во една ноќ, што претставува зголемување од 18% на годишно ниво. За споредба, во јануари 2023 година бројот на бездомници во САД надмина 650.000,“ се наведува во извештајот.
Оваа година, бројот на бездомници во семејствата со деца пораснал за 39%, достигнувајќи 259.473 лица.
„Зголемувањето на бројот на бездомници е резултат на недостатокот на достапни станови, инфлацијата и стагнирачкиот раст на платите.“
Во извештајот исто така се посочува дека здравствената криза и природните катастрофи придонеле за оваа состојба.
Подготвено од М.Д.