677z381_677z381_amerika-privreda

27.12.2024 Скопје

Податоците за гледаноста на телевизијата, како и новата анкета на Асошиетед прес и Американскиот центар за истражување на јавното мислење (NORC), покажуваат дека околу две третини од полнолентите Американци велат дека неодамна почувствувале потреба да го ограничатследењето на вести за владата и политиката поради преоптовареност.

Помал е процентот на Американци кои го ограничиле своето следење на вестите за конфликти во другите делови на светот, економијата или климатските промени, според истражувањето.

Истражувањето, спроведено на почетокот на декември, покажа дека околу седум од 10 демократи велат дека помалку ќе следат политички вести, а процентот не е толку висок за републиканците. Сепак, околу шест од 10 републиканци посочија дека и тие чувствуваат потреба да направат пауза, а процентот е сличен и кај независните гласачи.

Разликите се многу поголеми кога станува збор за телевизиските мрежи кои се преокупирани со политички вести. По изборната ноќ, на 5 ноември, до 13 декември, гледаноста на MSNBC во ударниот термин била во просек за 54 отсто помала во однос на предизборниот период годинава, велат од компанијата „Нилсен“.

Во истиот временски период, просечната гледаност на CNN падна за 45 отсто. На каналот „Фокс њуз“, омилената информативна мрежа на поддржувачите на Трамп, постизборниот просек од 2,68 милиони гледачи е за 13 отсто поголем, покажуваат податоците на компанијата „Нилсен“.

Анкетата покажа и дека Американците генерално сакаат јавните личности помалку да зборуваат за политика.

По изборната кампања, во која гласовите на познатите личности како Тејлор Свифт дојдоа до израз, истражувањата покажаа дека Американците не одобруваат почесто отколку кога познати личности, големи компании и професионални спортисти да зборуваат за политика.

Подготвено од М.Д.

About Author