izet megjiti

07.11.2024 Скопје

Зелената агенда за Западен Балкан е важна како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, на отворањето на конференцијата на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.

Кластерот 4 се однесува на Зелената агенда и одржливата мобилност, и како таков, овозможува директен увид во поврзаноста помеѓу секторите, особено секторот енергетика, транспорт и животната средина, каде што е опфатено законодавството од секторите врз кои секторот енергетика има директно влијание –  квалитетот на воздухот и биодиверзитетот, водните ресурси.

Меџити информираше дека во однос на придонесот по мерки, најголемо учество во бројот на нови домашни зелени работни места имаат доградба на постоечки станбени згради со 42%, изградба на пасивни куќи 21%, обновливи извори на енергија без стимулации 6% и соларни термални колектори 8%.

Годишната конференција на МАРЕС се одржа по вторпат собирајќи ги клучните чинители во секторот за обновливи извори на енергија. Темата оваа година е „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“, што ја одразува зголемената важност на обновливите извори на енергија во глобалната енергетска транзиција.

Подготвено од М.Д.

About Author