https://www.flickr.com/photos/lloydchapman/14728162129/in/photolist-ortFtP-9WetRx-67ShH4-bLbfar-5JDfg8-2jTE1E9-xR2SEu-46QPCs-bnZBSB-BxWtif-3Z4yKK-5bumCL-2m5Scmm-bCAzVV-2Vwx8p-7XCcJZ-5A9PUm-eztgnA-V6BNDJ-2iWatEQ-5ziHrw-oikeq7-fN32vo-bWV6GD-jH7aNm-qVvaJt-W1dVaY-7XFsH9-PLkVh-HHpueR-qq66Ai-hehjen-2no8Xyb-wADerf-7Jh3rk-8nnWVo-2iBYz2r-5ur8Ks-V8PGpw-2joiXKk-qycefN-ab7YUH-6tXmzp-abaQj7-dbMuGc-abaQhU-2kKydRW-nwhXB9-abaQfh-aDrABc

01.11.2024 Скопје

Германската автомобилска индустрија е во длабока криза, но тоа не е единствената причина зошто ќе мора да укине 140.000 работни места во следната деценија, процени Институтот „Прогнос“.

Ова е дополнение на 46.000 работни места што една од важните гранки на домашната економија веќе ги отстрани во периодот од 2019 до 2023 година.

Авторите на анализата Prognosa нарачана од Здружението на германската автомобилска индустрија (VDA) наведуваат дека бројките укажуваат на степенот на несигурност во индустријата, во која моментално работат околу 911.000 луѓе.

Со други зборови, ако нема значителна промена во инвестициската политика во следната деценија, приближно една од пет од постојните работни места ќе исчезне. Тоа не е само израз на економската криза.

„Падот на вработеноста го диктира и преминот кон електромобилноста“, рече претседателката на VDA, Хилдегард Милер.

„Политичката рамка одредува дали идните инвестиции ќе бидат во Германија, односно дали ќе отворат работни места во земјата или на друго место“, рече Милер.

„Така, политичката рамка може да го засили или намали ефектот на инвестициите врз вработувањето“, додаде таа.

Милер го повтори честото барање на германските бизнисмени за поконкурентни цени на енергијата, помала бирократија, побрзо издавање дозволи и повеќе договори за слободна трговија.

Јасно е дека преминот кон производство на е-автомобили создава вишок на работници, бидејќи електричните мотори се поедноставни од бензинските, рече главниот економист на VDA, Мануел Калвајт (Kallweit).

Подготвено од М.Д.

About Author