Sailun-Ice-Blazer-WSTX-WP

11.11.2024 Скопје

Од 15 ноември, петок, според Правилникот за задолжителна зимска опрема на возилата, велосипедите, запрежните возила и тракторите, сите возила мора да бидат опремени со зимска опрема. Оваа обврска важи до 15 март.

За возила со тежина до 3.500 кг, зимската опрема подразбира: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм; летни пневматици на сите четири тркала со длабочина на шарите од 4 мм, ако возилото има синџири за снег.

За возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина од 6 мм; летни пневматици со длабочина на шарите од 4 мм, со синџири за снег (во зависност од типот на погон).

Возилата над 3.500 кг мора да имаат: зимски пневматици на погонските тркала со длабочина од 6 мм; летни пневматици со длабочина од 4 мм и синџири за снег, а во некои случаи и лопата како прирачен алат.

Пневматиците кои се сметаат за зимски имаат ознаки како „MS“, „M+S“ или знак на снегулка со планина. Според законот, возачите немаат дозвола за користење на пневматици со клинци.

Ако не се се поседува зимска опрема во овој период (од 15 ноември до 15 март) полициските службеници ќе наредат запирање на возилото, а казната за непочитување изнесува 45 евра во денарска противвредност, а возачот ќе добие и 25 негативни бодови.

Подготвено од М.Д.

About Author