20240913151546

26.11.2024 Скопје

За бугарскиот технички премиер Димитар Главчев прашањето со РС Македонија „е решено“, во контекст на тоа дека уставните измени со одложено дејство би биле неприфатлив предлог за бугарската страна.

Во телевизиско гостување прашан за предлогот на македонската влада и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Бугарите да бидат вклучени во Уставот по влезот на земјата во Европската Унија, Главчев рече дека за него тоа „прашање е решено“.

Јас нема како да одговарам на властите во РС Македонија, за Бугарија прашањето е решено. Има рамки во кои треба да се движат сите држави-членки на ЕУ, вклучително и оние од Западен Балкан, така што нема тема за разговор мислам дека доволно компромиси направи Бугарија со своето национално чувство и достоинство за да прави уште.-Димитар Главчев – В.д. Претседател на Владата на Р. Бугарија

Во меѓувреме, речиси еден месец по изборите во Бугарија се уште траат преговорите за формирање на влада. Доколку повторно нема коалициски договор, Бугарија ќе оди на избори по осми пат во четири години.Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати истакна дека се надева дека во соседната државата ќе се формира стабилна влада, со која ќе може да седнат и да најдат решение за одблокирање на патот на РС Македонија во ЕУ.

Подготвено од М.Д.

About Author