ograda-na-vlada-dron-nas-960x495

18.11.2024 Скопје

Владата и банкарскиот сектор продолжуваат со преговорите за условите за пласман на унгарскиот заем за македонските компании. Додека начелно има согласност за роковите на исплата, каматата на заемот останува неусогласенa.

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација изјави дека ќе продолжат со преговори околу каматата оваа недела, со надеж за финализирање на условите до крајот на следната недела. Целта е каматата да биде што пониска, за да се олесни пристапот на стопанството до заемот.

Преговорите се фокусирани и на роковите за отплата, кои ќе бидат до 15 години со грејс период до три години, во зависност од барањата на клиентите.

Според Мицкоски, заемот е од големо значење за македонската економија, особено во време на криза во автомобилската индустрија.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, изрази очекувања дека ќе се најде решение што ќе биде во интерес на бизнисот, и побара итнo вбризгување на средствата, што ќе донесе позитивен ефект на економијата и ќе стимулира раст.

Унгарскиот заем од 250 милиони евра е договорен во септември и ќе биде искористен делумно за капитални инвестиции на општините, а делумно за поддршка на бизнис секторот.

Подготвено од М.Д.

About Author