25.11.2024 Скопје
Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел со Мерцедес победи на трката за ГН на Лас Вегас во Формула 1, но големата вест е четвртата последователна светска титула на Холанѓанецот Макс Верстапен со Ред Бул.
Заврши на петтата позиција, но зад себе го остави големиот ривал Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен), оставајќи го зад себе повеќе од 25 секунди.
Расел заврши со најбрзо време, а Мерцедес направи двоен триумф со седумкратниот шампион Луис Хамилтон од Велика Британија кој заврши на второто место.
Возачите на Ферари, Карлос Саинц (Шпанија) и Шарл Леклер (Монако) завршија на третото и четвртото место.
Подготвено од М.Д.