15.11.2024 Скопје
Бугарските пратеници претпладнево ќе одржат нова седница – трет обид да изберат претседател на 51. Народно собрание.
Веќе беа направени два неуспешни обиди за избор на претседател на Народното собрание – на отворањето на новиот парламент на 11 ноември и еден ден подоцна.
На 13 ноември пратениците повторно не успеаја да се договорат кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат.
За функцијата беа предложени пет кандидати – Андреј Цеков од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Петар Петров од „Преродба“, Наталија Киселова од „БСП – Обединета левица“, Николета Кузманова од „Има таков народ“ и Раја Назаријан од ГЕРБ-СДС.
Раја Назарјан и Андреј Цеков излегоа на втор круг во двете постапки за избор на претседател, но ниту еден од нив не го доби потребниот број гласови.
Подготвено од М.Д.