11.11.2024 Скопје
Претседателот на САД, Џозеф Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ќе се сретнат в среда во Белата куќа, соопшти денеска канцеларијата на американскиот претседател во заминување.
Ваква постизборна средба се одржува традиционално, меѓу претседателот во заминување и претстојниот, по речиси сите избори.
Сепак, Трамп не беше домаќин на Бајден кога ги загуби изборите во 2020 година, тврдејќи дека изборите биле украдени.
Подготвено од М.Д.