07.11.2024 Скопје
Тимот на Доналд Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, предложи замрзнување на конфликтот во Украина и нови испораки на оружје во замена за ветувањето на Киев привремено да не се приклучи кон НАТО.
„Една од опциите предложени од транзициската канцеларија на Трамп ќе го вклучи ветувањето на Киев дека нема да се приклучи на НАТО најмалку 20 години, а во замена за тоа, САД ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје“.
Сепак, останува недефинирано кој треба да ја преземе одговорноста за одржување на редот во демилитаризираната зона.
Еден од изворите рече дека „мировните сили“ на територијата нема да вклучуваат американски војници или оние на меѓународна организација спонзорирана од САД, како што е ОН.
Можеме да помогнеме со обука и други видови поддршка, но оружјето ќе биде европско и нема да плаќаме за него.
Нека го направат тоа Полјаците, Германците, Британците и Французите“, вели еден извор.
На крајот на краиштата, Трамп сè уште не одобрил ниту еден од плановите за регулирање на конфликтот во Украина.
За потсетување, Доналд Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, во предизборната кампања даде неколку изјави за Русија и Украина.
Подготвено од М.Д.