tesla-aa.jpg

07.11.2024 Скопје

Долго време се шпекулира дека „Tesla“ има намера да влезе на пазарот на паметни телефони, лансирајќи телефон „Tesla“ со длабока интеграција со своите електрични возила.

Сепак, иако оваа гласина постои со години, не е постигнат вистински напредок. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, за прв пат јасно одговори на шпекулациите за телефонот „Tesla“.

Во неодамнешното интервју за познатиот подкаст „Joe Rogan Experience“, Маск изјави: „Не, не планираме да правиме мобилен телефон“. Тој објасни дека иако оперативниот систем на „Tesla“ базиран на Линукс овозможува развој на голем број софтверски решенија кои би можеле да ги надминат другите компании во создавањето телефон кој не е ниту „Android“, ниту „iPhone“, сепак ова не е насоката во која се движи „Tesla“, освен ако не сме принудени на тоа“.

Значи, под кои околности „Tesla“ би размислувал за лансирање на мобилен телефон? Маск објасни дека „Tesla“ ќе започне да го развива телефонот само доколку „Apple“ и „Google“ почнат да спроведуваат екстремни мерки, како што се ограничување на слободата на апликациите или воведување несоодветни ограничувања.

Со изјавата на Маск практично се става крај на гласините за телефонот „Tesla“. Доколку нема драстични промени на главните платформи, тешко е да се очекува телефонот „Tesla“ да стане реалност.

Подготвено од М.Д.

About Author