PARI EVRA

27.11.2024 Скопје

Фирмите ќе добијат свежи пари со ниски трошоци, но каматата на кредитот кон Унгарија кој е земен токму за нив, очигледно дека ќе ја враќаат и граѓаните.

По, долги преговори банките и владата договорија трошок на фирмите за кредитите кои ќе бидат поделени од унгарските пари да биде само надоместокот за покривање на кредитниот ризик на банкарите кои изнесува 1, 95 проценти. Со овој договор повеќе не важи онаа камата од 3, 25 отсто  која со месеци се споменуваше во јавноста.  На ова се сложиле неколку мали и поголеми банки

Со ова е се поизвесно дека фирмите за кои се зема кредитот нема да учествуваат во враќањето на заемот кон Унгарија , банките ќе го добијат својот дел за покривање на ризикот, а граѓаните кој преку даноците го полнат буџетот ќе го покриваат кредитот кој е земен за стопанството.  Според, пресметките годишно од државната каса за ова би се издвојувале над 8 милиони евра.

Банкарите кои ги контактиравме коментираат дека со ваков процент на кредитите ризик од 1, 95 отсто тие ќе бидат многу внимателни при изборот на фирми и пласманот на пари. Со ова се поставува прашањето дали ќе се успее да се пласираат сите 250 милиони евра во стопанството.

За економистите едно од клучните праша покрај  техничките беше и тоа како ќе се делат овие средствата. Благица Петрески, смета дека многу е важно кои фирми ќе бидат таргет.

Но, премиерот Мицксоки без јасно да одговори под кои критериуми ќе се даваат овие пари кај фирмите, кусо одговори кои се може да стигне до нив.

Претходно државата и банкарите договорија, рокот за враќање на кредитот да биде 15 години, а три да е грејс периодот.

Од заемот од Унгарија за стопанството се наменети 250 милиони евра.

Подготвено о М.Д.

About Author