11.11.2024 Скопје
Во Купот на РС Македонија во женска конкуренција се одигра скандалозен натпревар кој привлече големо внимание, не само во нашата земја, туку и во целиот регион.
Ракометарките на Скопје и Гевгелија во последните пет минути од натпреварот си постигнуваа автоголови и не сакаа да го напаѓаат противничкиот гол.
Министерот за спорт, Борко Ристовски најави дека денас ќе им ја одземе лиценцата за дејност спорт на Скопје и Гевгелија, по што овие клубови веќе нема да се натпреваруваат во ракометните лиги.
Во меѓувреме срамот се рашири во целиот регион, портали од Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора… објавуваат за големиот скандал.
Подготвено од М.Д.