12.11.2024 Скопје
Една неодамнешна студија на Универзитетот Св. Гален открил дека 65,2% или две третини од 3.000 испитаници во Швајцарија веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно. Всушност, златото е еден од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но недвижностите, акциите и обврзниците сè уште предничат.
Гореспоменатото истражување резултираше со импресивни бројки. Имено, утврдено е дека 22% од испитаниците имаат во просек по 100,83 грама злато во вредност од 7.500 франци (околу 8.000 евра). Се проценува дека швајцарското население има вкупно 200 тони злато во вредност од 14,9 милијарди франци (15 милијарди евра). Понатаму, истражувањето покажа дека 43% од оние кои би продавале злато само во итен случај.
Швајцарците би можеле да се споредат со пирати по начинот на кој го кријат своето злато. Имено, пет проценти од испитаниците рекле дека го закопале во градината. Се проценува дека под земја има десет тони злато во вредност од 750 милиони франци (околу 800 милиони евра).
Дополнително, 15% од оние кои рекле дека благородниот метал го чуваат скриено дома, додека 18% од нив тврдат дека го чуваат во домашен сеф.
Професорот по економија на Универзитетот во Фрајбург, Серџо Роси, изјавил дека бил изненаден кога дознал дека луѓето се уште го закопуваат златото, а тоа е показател за недоверба во банките, што банките мора да го земат предвид.
Роси вели дека не е изненаден од интересот на неговите сограѓани за злато. Според него, политичките и макроекономските промени предизвикуваат загриженост во целиот свет, вклучително и во Швајцарија.
Има инфлациски притисоци кои предизвикуваат страв од пад на вредноста на штедењето во банките. Златото е познато како сигурна инвестиција која не губи вредност. Луѓето кои можат да си го дозволат купуваат злато за да го одржат или дури и да го зголемат својот имот – додава Роси.
Тој истакна дека богатството на просечниот Швајцарец е многу поголемо отколку во многу други земји. Како што наведе, Швајцарците можат да купат тони злато, што е тешко или невозможно во многу други земји.
Подготвено од М.Д.