20241114160507

15.11.2024 Скопје

Шпанците ги врзуваат возилата за да не ги однесат поплавите.

Валенсија и Андалузија се под вода. Се појави снимка која прикажува како Шпанците ги врзуваат своите автомобили за улични бандери и ги виткаат во фолија со надеж дека возилата нема да бидат оштетени од поплавата.

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Најмногу се евидентирани во Малага,  каде што се спасени 22 луѓе на различни локации.

Таму уште се санираат штетите од поплавите од крајот на октомври во кои загинаа над 200 луѓе.

На терен во провинцијата се повеќе од 2.700 пожарникари, околу 8.600 припадници на војската, вклучително и специјализираната единица за вонредни ситуации (УМЕ), како и над 800 волонтери од Цивилната заштита.

Подготвено од М.Д.

About Author