22.11.2024 Скопје
Шпанија секоја година во следните три години ќе одобрува работни дозволи и дозволи за престој за по 300.000 мигранти кои во таа земја живеат нелегално, соопшти министерката за миграции Елма Салц.
Оваа политика ќе стапи на сила следниот мај, а целта ѝ да се зголеми работната сила во таа земја, која станува сè постара.
Шпанија е главно и понатаму отворена за мигранти, иако други европски земји настојуваат да ги заострат контролите на границите, за да ги одбијат нелегалните преминувања и да го одвратат барателите на азил.
Според Елма Салц, на Шпанија ѝ се потребни околу 250.000 регистрирани странски работници годишно за нејзиниот систем на државна добросостојба да биде издржлив.
Целта на легализацијата не е исклучиво „збогатување на културата и почитување на човековите права туку и просперитет“, кажа Салц, со оценка дека Шпанија денес е подобра земја.
Премиерот Педро Санчез емиграциската политика на својата земја често ја опишува како средство за борба со нискиот наталитет.
Подготвено од М.Д.