on-computer-in-dark

22.11.2024 Скопје

Руска софтверска компанија покани седумгодишен програмер да му се придружи на нивниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа.

Сергеј од Санкт Петербург се прослави преку видеа во кои објаснува како се програмира.

Врз основа на тие видеа, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испрати писмена понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука.

Според рускиот закон, Сергеј не може да заземе ниту една платена позиција до својата 14-та година.

Но, извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за Светскиот сервис на БиБиСи дека во меѓувреме разговарал со родителите на Сергеј за изнаоѓање начини за соработка.

„Неговиот татко, Кирил, беше изненаден и рече дека се многу среќни и едвај чекаат кога Сергеј ќе може да се приклучи на компанијата“, рече Мандик.

Во неговите видеа Сергеј се појавува како свети и ентузијастички се смешка. Зборувајќи на руски, а понекогаш и на малку слаб англиски, тој чекор по чекор поминува низ предизвиците за кодирање.

Неговиот канал на YouTube има повеќе од 3.500 претплатници, заинтересирани за учење на програмските јазици Python и Unity или оние кои сакаат да слушнат повеќе за невронските мрежи, кои се основата на многу алатки за вештачка интелигенција.

Мандик рече дека Сергеј покажа не само извонредни развојни вештини, туку и „подеднакво уникатни“ вештини за учење.

„Апсолутно сум сигурен дека кога ќе наполни 14 години, ќе биде гуру на наставата и гуру на развојот, и затоа со нетрпение го очекуваме тој момент“, рече тој.

Подготвено од М.Д.

About Author