12612662-696x464

07.11.2024 Скопје

Германската владејачка коалиција се распадна вечерва откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го смени министерот за финансии Кристијан Линднер поради несогласувањата околу економиските реформи.

Кризните преговори во коалицијата на партијата на Шолц, СПД, на Зелените и на ФДП на Линдер го достигнаа врвот откако ФДП објави документ со барања за либералните економски реформи на кои другите две партии тешко би се согласиле.

Во текот на драматичниот состанок на челниците на трите партии во средата вечерта, Линднер му рече на Шолц дека не гледа начин за продолжување на коалицијата и го повика по втор пат на предвремени избори.

Иако Шолц потенцијално би може да продолжи да владе во малцинска влада, нема мнозинство за освојување на пресметките, што ја зголемува веројатноста за гласање недоверба и за предвремени избори – потенцијално на почетокот на март.

ФДП е најмалата партија во коалцијата и има само четири отсто поддршка, штое под границата за влез во парламентот. Следните сојузни избори се закажани за јуни.

Минатата недела „политичкиот документ“ на Линднер стана јавен, како што самиот рече, благодарение на „недискреција“. Документот ги содржи неговите барања кои треба да ја подобрат економијата – на пример преку намалување на даноците за компаниите, олеснување на климатските регулативи и кратења на субвенциите и социјалните бенефиции.

За предлозите на Линднер може да се разговара, рече тогаш лидерот на СПД, Ларс Клингбејл, а веројатно ќе се преговара и за некои закони.

Клингбејл, сепак, повлече јасни линии: „Ако она што господинот Линднер веќе го предложи 500 пати, а ние веќе го отфрливме 500 пати, повторно се појави, а тоа е дека богатите луѓе во оваа земја имаат уште повеќе пари во џебовите, тогаш ќе не оди на тој начин“.

Подготвено од М.Д.

About Author