NAFTA

29.11.2024 Скопје

Саудиска Арабија, Русија и Казахстан ја истакнаа важноста од целосна посветеност на доброволното намалување на производството на нафта, претходно договорено од земјите од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници.

Веста беше објавена по телефонската средба на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Салман, министерот за енергетика Алмасадам Саткалиев и вицепремиерот на Русија Александар Новак.

Трите земји се договорија и за компензација за секое вишок производство во нафтениот картел на ОПЕК.

Членовите на организацијата ОПЕК преговараат за дополнително одложување на планираното зголемување на производството на нафта, кое требаше да започне во јануари, додале два информирани извори за британската агенција.

Во недела ОПЕК ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува за плановите за производство на нафта во првите месеци од 2025 година.

Во својот последен ноемвриски месечен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта повторно ја намали прогнозата за раст на глобалната побарувачка на нафта во 2024 и 2025 година.

Како што е наведено, ОПЕК ја ревидираше својата прогноза за побарувачката на нафта четврти месец по ред.

Нафтениот картел сега очекува глобалната побарувачка на нафта да се зголеми за 1,82 милиони барели дневно оваа година, што е намалување од октомвриската проценка за раст на побарувачката од 1,93 милиони барели дневно.

Подготвено од М.Д.

About Author