08.11.2024 Скопје
Според податоците од Институтот за економски истражувања во Хале, во октомври дури 1.530 компании во Германија прогласиле банкрот, што претставува највисока бројка во изминатите 20 години.
Овој висок број на банкроти е резултат на повеќе фактори, вклучувајќи го постојаниот економски пад, зголемените трошоци за плати и енергија, како и долгорочните ефекти од пандемијата. Компаниите со помала финансиска стабилност, кои претходно примале државна помош, биле особено погодени.
Штефен Мулер, претставник на институтот, објаснил дека овој бран на банкроти е резултат на комбинацијата од континуираниот економски слабост и драматичното зголемување на трошоците. Најголеми последици од оваа криза имаат секторите како градежништво, трговија и услуги поврзани со бизнисот.
Подготвено од М.Д.