French,President,Emmanuel,Macron,During,A,Meeting,With,Governor,Of

11.11.2024 Скопје

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат францускиот претседател Емануел Макрон, што е второ најниско ниво на поддршка од неговиот избор во 2017 година, покажа истражување на агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос.

Рејтингот на Макрон падна за два процентни поени во однос на октомври.

Најмала поддршка за претседателот на Франција имаше во декември 2018 година, во екот на протестите на „жолтите елеци“, кога го поддржаа само 20 отсто од граѓаните.

Подготвено од М.Д.

About Author