NATALITET

13.11.2024 Скопје

Русија усвои нов закон кој забранува промовирање на живот без деца, како дел од напорите да се реши демографската криза и да се заштитат традиционалните вредности.

Законот предвидува строги казни за оние кои ќе промовираат таков начин на живот во медиумите, филмови и реклами, а казните за тоа се движат до 47.000 евра за правни лица.

Законските измени веќе ги одобрија пратениците во Думата и чекаат потпис од претседателот Владимир Путин.

Оваа мерка е одговор на ниската стапка на наталитет во Русија, која во 2023 година изнесувала само 1,41 дете по жена, што е под нивото потребно за одржување на популацијата.

Подготвено од М.Д.

About Author