06.11.2024 Скопје
Владата денес ќе донесе одлука одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот организиран по повод 75 годишнината од НАТО.
Практично на денот кога Американците ќе решаваат дали да му дадат поддршка на Доналд Трамп кој ветува крај на американската помош за оваа држава, РС Македонија ќе се приклучи на барањата на другите земји членки на алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија.
Од што ќе состои помошта Мисајловски не кажа, но најави дека тоа ќе се објави откако ќе биде одржана затворената седница на Владата.
Ќе продолжиме да помагаме.Затоа сме пријатели, порача министерот Мисајловски тврдејќи дека помош ќе има и во иднина според можностите на РС Македонија. Тој најави наедно забрзана модернизација на нашата армија за која идната година одвојувањата ќе бидат над два отсто, порачувајќи дека станува збор за сериозни суми пари.
Подготвено од М.Д.