21.11.2024 Скопје
Денес, Антарктикот е леден континент, но пред 90 милиони години бил покриен со мочуришни шуми. Научниците открија фосилизирана смола од дрвја за прв пат на овој континент, добивајќи нов увид во античката клима и животна средина.
Килибарот е пронајден во примерок од седимент изваден од длабочина од 946 метри под заливот Амундсен на Западен Антарктик. Ова откритие дополнително ја потврдува претходната реконструкција од 2020 година, која ја опиша низинската прашума која претходно постоела на Антарктикот помеѓу 92 и 83 милиони години.
Килибарот содржи микро инклузии, веројатно остатоци од оригиналната кора од дрво, што отвора можности за проучување на полен, спори, микроорганизми, па дури и инсекти. Ова е значаен чекор за палеонтолозите бидејќи килибарот има извонредна способност да зачува органски материјал.
Јохан Клагес, морски геолог и главен автор на студијата, рече дека откритието на смола од тие периоди е спектакуларно. „Ова откритие дава уште подетално разбирање за тоа како функционирале древните шуми што ги реконструиравме во 2020 година“, рече тој.
Подготвено од М.Д.