21.11.2024 Скопје
На собраниска седница денеска пред пратениците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, поднесен по скратена постапка од пратениците на СДСМ.
Според предложените измени, минималната плата треба да изнесува 27.700 денари во нето износ, а примената се очекува да започне со исплатата за ноември 2024, која ќе се исплати во декември. Спроведувањето на законот ќе има финансиски импликации на Буџетот од 93 милиони денари.
На дневен ред се и други законски предлози, како оние за изменување на Законот за данок на додадена вредност.
Со Предлог-законот поднесен од опозициската СДСМ се очекува зголемување на стандардот на граѓаните, со што би им се овозможило поголема потрошувачка кошничка на најранливата категорија.
Со законските измени велат од партијата се очекува основните производи за човечка исхрана да се ослободуваат од повластена даночна постапка од 5 проценти.
Подготвено од М.Д.