dijabett_original

15.11.2024 Скопје

Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот имаат дијабетес, што е двојно повеќе од претходните процени, а повеќе од половина од нив на возраст од 30 и повеќе години не се лекуваат, покажа новото истражување на медицинско списание.

Во светот во 2022 година околу 828 милиони луѓе над 18 години биле заболени од дијабетес од типот 1 и 2.

Во студијата е наведено дека кај возрасните лица над 30 години, односно 445 милиони или 59 отсто од нив не се лекуваат од дијабетес.

Глобалната стапка на дијабетес се удвои од 1990 година од околу седум на 14 отсто, главно поттикната од зголемувањето на случаите во земјите со низок и среден приход.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно процени дека околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, хронична метаболистичка болест која вклучува покачени нивоа на шеќер во крвта што може да го оштети срцето, крвните садови, нервите и другите органи доколку не се лекува.

Подготвено од М.Д.

About Author