g_EVN-vlez

29.11.2024 Скопје

На тендерот за набавка за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ЕВН Хоме како универзален снабдувач на регулираниот пазар добил понуда од АД ЕСМ со цена повисока за 2 евра по мегаватчас. Актуелната цена е 60 евра по мегаватчас, а од 1 јануари 2025 таа би била 62 евра.

Од тоа по која цена државните електрани  ќе ја продаваат  својата струја на ЕВН Хоме, најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните од следната година.

И Електродистрибуција вчера на тендер обезбеди струја за покривање на своите загуби исто од ЕСМ. Електрани ќе им ја продаваат електричната енергија по 100 евра за мегават час, што значи дека просечната цена за загубите во системот ќе биде како и до сега.

Според пресметките оваа цена е за 3,3 отсто повисока од сегашните 60 евра за мегават час електрична енергија кои ЕСМ  му ги продава на ЕВН Хоум. Понудата на ЕСМ има најголемо влијание врз формирањето на крајната цена за домаќинствата и малите фирми.

Крајниот збор го има Регулаторната комисија за енергетика, која на крајот на годинава треба да го потврди евентуалното поскапување.

Претходно и самиот премиер Христијан Мицкоски рече дека не очекува струјата за домаќинствата да поскапе повеќе од 3 отсто.

Подготвено од М.Д.

About Author