07.11.2024 Скопје
Прелиминарните резултати од американските избори покажуваат дека Доналд Трамп е новиот американски претседател. Какви придобивки ќе има од тоа најсилната светска економија не може со сигурност да се тврди, но берзите први реагираа поволно со раст на индексите како и цената на криптовалутите и посебно на американската валута.
Стратешката програма на Трамп во економијата предвидува осум точки кои треба да ја зајакнат американската економија, но и да им се спротивстави на надворешната конкуренција. Тие се :
продолжување на даночните олеснувања за физички лица и компании воведени во 2017 година
дополнителни даночни намалувања за корпорациите од 21% на 20% и на 15% за компаниите што произведуваат во САД
стимулирање на производството на традиционални извори на енергија за намалување на цените
елиминација на даноците за бакшиш, прекувремена работа, социјални бенефиции
дерегулација, што подразбира олеснување на бизнисот за компаниите, банките, зголемени активности за спојување
универзални тарифи од 10%
60% од тарифата насочена кон Кина.
Трамп оцени и дека нема да им се простат студентските кредити на оние кои не ги вратиле бидејќи не е фер кон оние кои веќе ги подмириле, а тоа би паднало на товар на даночните обврзници.
Подготвено од М.Д.